• петок, 22 ноември 2024

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија достигна 158, потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија достигна 158, потрагата по исчезнатите продолжува

Мадрид, 1 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 158 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, предизвикани од обилни дождови на 28 октомври.

- Бројот на загинати изнесува 158, а треба да се додадат и десетици исчезнати лица, изјави на прес-конференција  Анхел Виктор Торес, министер задолжен за соработка со шпанските региони.

Се очекува бројот на жртви да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Војската е повикана да им помогне на областите погодени од поплавите во Валенсија од денеска наутро, според регионалниот претседател.

- Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението, соопшти синоќа преку објава на Икс.

- Воената единица за итни случаи ме информира дека утре во 8 часот ќе започнат со работа првите екипи, додаде тој.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица.

Според извештаите, на 29 октомври делови од Валенсија за осум часа примиле количина дожд која е еднаква на просечната годишна количина за тој регион.
Најголемиот дел од вкупниот број на жртви - 155 се во Валенсија, додека две лица се загинати во Кастиља-Ла Манча на запад од покраината, и едно лице, британски државјанин, загина во Андалузија, наведува Би-Би-Си..

Вчера, спасувачките тимови, и покрај силниот дожд, ги пронајдоа телата на осум лица, меѓу кои и локален полицаец, кои биле заглавени во гаража на периферијата на градот Валенсија, изјави градоначалничката Марија Хозе Катала за медиумите. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан