• понеделник, 23 декември 2024

Бројот на американски држави кои ги забранија трансродовите лица во женскиот спорт достигна 15

Бројот на американски држави кои ги забранија трансродовите лица во женскиот спорт достигна 15

Индијанаполис, 2 јуни 2022 (МИА) - Индијана стана 15-та држава во Америка што им забрани на трансродовите девојчиња да учествуваат во женски натпреварувања на нивоа на државни училишта и факултети.

Соодветниот закон беше усвоен од парламентот на Индијана, заобиколувајќи го ветото на гувернерот.

Во шест други држави се подготвуваат слични закони.

Прашањето дојде до израз минатата пролет кога пливачката и поранешен маж на Универзитетот во Пенсилванија, Леа Томас, стана првата трансродова личност која победила на натпревар во „NCAA“.

Томас даде голем број интервјуа еден ден претходно, велејќи дека трансродовите луѓе не го загрозуваат женскиот спорт. зс/

Остани поврзан