• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гвардиола: Ништо не може да ја спаси оваа сезона

Гвардиола: Ништо не може да ја спаси оваа сезона

Манчестер, 30 март 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека тековната сезона може да се смета за неуспешна за „граѓаните“, без оглед на резултатите на тимот во ФА Купот.

- Секако дека би било убаво да се дојде до финалето на ФА Купот и да се освои, како и да избориме учество во Лигата на шампионите. Јас сум скоро сигурен дека овие две нешта ќе се гледаат како голем успех сега, но генерално ние имаме лоша сезона и ништо нема да го смени тоа. Бевме лоши во однос на нашите стандарди.

Манчестер Сити ќе игра против Борнмут во четвртфиналето на ФА Купот. Натпреварот ќе се одигра денес во Борнмут со почеток во 17:30 часот.

Тимот на Гвардиола се наоѓа на петтото место во Премиер лигата со 48 бодови во 29 кола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан