• вторник, 19 ноември 2024

Бритни Спирс ја губи судската битка со нејзиниот татко

Бритни Спирс ја губи судската битка со нејзиниот татко
Лос Анџелес, 11 ноември 2020 (МИА) - Судот во САД го отфрли барањето на Бритни Спирс - нејзиниот татко да биде отстранет како повереник на нејзиниот имот. Џејми Спирс беше законски управител на имотот на неговата ќерка цели 12 години поради нејзините проблеми со психичкото здравје. Адвокатот на Бритни изјави дека поп-ѕвездата се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства. Адвокатот на нејзиниот татко тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка. Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за промената на статусот на Џејми Спирс во иднина. Во меѓувреме, на барање на Бритни, за поверител е назначена финансиската компанија „Бесемер траст“. За време на вчерашното рочиште, нејзиниот адвокат Семјуел Ингам изјави дека таа и нејзиниот татко „немале одржлива врска“ и оти долго време не разговарале. Вивијан Торин, адвокат на Џејми Спирс, тврди дека причината за тоа што таткото и ќерката не разговарале е што г-н Ингам ја спротивставува Бритни против Џејми. си/сд/

Остани поврзан