• сабота, 13 јули 2024

Брвеница без струја од 14 часот поради дефект на среднонапонски кабел 

Брвеница без струја од 14 часот поради дефект на среднонапонски кабел 

Тетово, 1 февруари 2024 (МИА) - Од 14 часот нема струја во тетовското село Брвеница, а причината како што известуваат од Електродистрибуција е дефект на среднонапонски кабел.

-Екипите на Електродистрибуција се уште работат на терен и се при крај со санацијата на дефектот. Наскоро се очекува снабдувањето да биде нормализирано, информираат од Електродистрибуција

Брвеница е едно од најголемите села во тетовскиот регион со над 3100 жители. ас/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан