• сабота, 23 ноември 2024

Бразилскиот напаѓач на Реал, Винисиус доби шпански пасош

Бразилскиот напаѓач на Реал, Винисиус доби шпански пасош
Мадрид, 5 септември 2022 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус доби шпански пасош. Сега тој во Ла Лаига ќе игра како домашен фудбалер и нема да зазема место на странец, објави „Марка“. Актуелниот договор на 22-годишниот Бразилец со „кралскиот клуб“ е со важност до 2024 година. Двете страни долго време преговараат за нов договор, кој ќе трае до 2027 или 2028 година. Според условите на новиот договор, ослободителната клаузула за крилниот напаѓач ќе изнесува 1 милијарда евра. Во тековната сезона Винисиус одигра четири натпревари во шампионатот на Шпанија на кои постигна три гола. зс/

Остани поврзан