• среда, 24 април 2024

Борусија Дортмунд три недели без повредениот Халер

Борусија Дортмунд три недели без повредениот Халер

 

Дортмунд, 16 април 2024 (МИА) – Фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, Себастијан Халер, нема да биде во составот на Борусија Дортмунд во следните три недели поради повреда на скочниот зглоб, објави тренерот на бундеслигашот Един Терзиќ.

„Халер, за жал, повторно го повреди скочниот зглоб на последниот првенствен натпревар во Менхенгладбах. Претпоставуваме дека ќе биде надвор од тимот три недели“, рече Терзиќ на прес – конференцијата пред вечерашниот реванш четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Борусија го пречекува Атлетико со негатива од 2-1 од првиот натпревар во Мадрид на кој стрелец голот за германскиот клуб беше Халер.

Борусија на реваншот против Атлетико речиси сигурно ќе настапи и без повредениот дефанзивец, Алжирецот Рами Бенсебаини. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан