• недела, 22 декември 2024

Борел: Руската акција на границата со Естонија е неприфатлива

Борел: Руската акција на границата со Естонија е неприфатлива

Брисел, 24 мај 2024 (МИА) - Руското повлекување на пловките што ја означуваат руската граница со Естонија на реката Нарва е „неприфатливо“, изјави денеска шефот на дипломатијата на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел.

„Ваквите акции се неприфатливи, ЕУ очекува објаснувања од Русија по отстранувањето на овие пловки и нивна итна замена“, се вели во соопштението. 

Естонската крајбрежна стража вчера објави дека нејзините руски колеги во текот на ноќта ги отстраниле пловките поставени на реката Нарва, која ги раздвојува двете земји, во граничен спор.

Естонската премиерка Каја Калас рече дека станува збор за „граничен инцидент“, додека Литванија и другите земји во регионот ги затегнаа односите со Русија поради инвазијата на Украина. 

Талин тврди дека Москва, дури на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, почнала да ја оспорува позицијата на пловечки маркери што се користат за спречување на чамците да залутаат во странски води. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан