• вторник, 05 ноември 2024

Болсонаро ќе биде повикан да сведочи за скандалот со шверцуван накит, информира бразилскиот министер за правда

Болсонаро ќе биде повикан да сведочи за скандалот со шверцуван накит, информира бразилскиот министер за правда

Бразилија, 14 март 2023 (МИА) - Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ќе биде повикан да сведочи како дел од истрагата за наводите дека се обидел да прошверцува накит вреден 3,2 милиони долари во земјата, ја пренесоа британските медиуми изјавата на министерот за правда и јавна безбедност, Флавио Дино, дадена во Рио де Жанеиро .

-Во моментов се водат истраги, се одржуваат рочишта и во одреден момент и поранешниот претседател ќе биде повикан, рече Дино.

Засега нема конкретен термин или датум кога Болсонаро ќе биде повикан да даде изјава, прецизираше министерот.

Дино, исто така, кажа дека Бразил сè уште не одлучил дали ќе побара меѓународна правна помош доколку Болсонаро, кој се наоѓа во егзил во САД, одбие да сведочи.

Луксузниот накит што саудиската Влада им го дала на тогашниот претседател и неговата сопруга Мишел Болсонаро, бил запленет од царинските органи во октомври 2021 година, откако бил пронајден во ранецот на владин соработник. Неколку владини службеници се обиделе да го вратат накитот од царината, но не успеале, јавија локалните медиуми.

Британските медиуми наведуваат дека на бразилските граѓани им е дозволено во земјата да внесат стоки или подароци до 1.000 долари, додека за се друго над оваа вредност се плаќаат големи давачки. сд/

Остани поврзан