• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп

САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп

Вашингтон, 1 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ за олеснување на привлекувањето на корпоративни инвестиции во САД во вредност над една милијарда долари, соопшти Белата куќа.

Со указот се основа нова служба во Министерството за трговија наречена „Инвестициски акцелератор на САД“, чија цел е да ги поттикне странските компании да вложуваат во американската економија.
Програмата ќе вклучува:
-Намалување на бирократските пречки,
-Забрзување на издавањето дозволи,
-Подобра координација меѓу федералните агенции и државните власти,
-Проширување на пристапот до ресурси за инвеститорите.

„Овој указ е клучен чекор во привлекувањето на стратешки инвестиции и зајакнување на американската економија“, се вели во соопштението на Белата куќа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан