• недела, 16 јуни 2024

Блинкен побара од Египет да обезбеди пристап за хуманитарната помош за Газа

Блинкен побара од Египет да обезбеди пристап за хуманитарната помош за Газа

Вашингтон, 22 мај 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, побара од Египет да преземе мерки за обезбедување пристап за хуманитарната помош за Газа.

Во изјава пред Конгресот на САД, Блинкен истакна дека борбите околу граничниот премин Рафа го отежнуваат доставувањето на помош. - Потребно е да обезбедиме безбедно преминување на помошта и решително ги повикуваме нашите египетски партнери да направат сè што можат за да го овозможат тоа, истакна Блинкен.

Тој, исто така, изјави дека САД и Саудиска Арабија се блиску до постигнување серија договори за нуклеарна енергија, безбедност и одбранбена соработка, како дел од поширок договор за нормализација на односите меѓу Ријад и Израел. Блинкен нагласи дека за поширока нормализација е потребен мир во Газа и формулирање пат кон палестинската државност.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, досега ја отфрлаше можноста за создавање палестинска држава, што го отежнува постигнувањето на „голем договор“ на Блискиот Исток, како што посакува Вашингтон. Блинкен предупреди дека Израел се приближува до момент на избор, додека Вашингтон работи на постигнување примирје и ослободување на заложниците во Газа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан