• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: Испраќаме значителен пакет со многу потребна муниција во Украина

Блинкен: Испраќаме значителен пакет со многу потребна муниција во Украина

Вашингтон, 9 август 2024 (МИА) - Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен најави нова воена помош за Украина.

-Испраќаме нов значаен пакет со многу потребна муниција во Украина. Овој пакет ќе им помогне на Украинците да ги заштитат своите сили и нивните резерви и да ги зајакнат нивните способности преку линијата на фронтот, објави Блинкен на „X“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари за новиот пакет воена помош.

-Новиот пакет воена помош вклучува противвоздушни ракети од типот Стингер, ракети за моќни ракетни фрлачи од типот ХИМАРС, противтенковски ракети и артилериски гранати од калибар 155 мм, најави Зеленски. мс/

фото: „Х“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан