• понеделник, 01 јули 2024

Биткоинот скокна за 24 проценти за 24 часа

Биткоинот скокна за 24 проценти за 24 часа
Њујорк, 9 февруари 2021 (МИА) - Новината кај инвеститорите во најпознатата и најважна криптовалута во светот беше предизвикана од веста дека компанијата „Тесла“ купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.
Како што е наведено, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.
Исто така, „Тесла“ најави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.
По оваа објава, како што пренесува Телетрејдер, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти - на 43.200 долари, а растот продолжи и потоа.
Биткоинот зајакна за 23,93 проценти за 24 часа и се продаваше за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно американско време. паг/
 

Остани поврзан