• четврток, 27 јуни 2024

Битиќи: Не се водени разговори, ниту е стигнат предлог за влез на грчкиот електропреносен систем оператор во МЕПСО

Битиќи: Не се водени разговори, ниту е стигнат предлог за влез на грчкиот електропреносен систем оператор во МЕПСО

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи нема информација дека грчкиот електропреносен систем оператор е заинтересиран да влезе во МЕПСО. Како што изјави денеска, до Владата не е стигнат таков предлог, ниту има одлука дека МЕПСО ќе оди на продажба. За ова, напомена Битиќи, воопшто не се ни водени какви било разговори со некого.

Според Битиќи, во секој случај е добро да постои интерес од странски компании за инвестиции во земјава.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен панок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се

-Не знам што пишувале грчките медиуми. Но, независно, убаво е кога различни компании се интересираат да инвестираат во државава зашто ја гледаат геостратешката положба на земјава и можноста што постои. Ние до денес немаме официјално добиено никаков предлог, ниту имаме преговори. Кажавме дека таква одлука нема на Влада, а секако, јас сум отворен и секогаш велам - се што е добро за одржливост и за доброто на државата би требало да се разговара. Но, ова прв пат го слушам, немам таква информација. Не знам кому испратиле писмо. Јас сум дел од Владата, досега такво писмо и таков интерес нема, ниту имам направено такви разговори, потенцира Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“. мч/лв/

фото: МИА и МИА архива

Остани поврзан