Приведени двајца кумановци поради кражба
- Двајца кумановци во текот на вчерашниот ден биле приведени поради кражба извршена на 23 јуни, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Двајца кумановци во текот на вчерашниот ден биле приведени поради кражба извршена на 23 јуни, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници од СВР - Куманово ги лишиле од слобода В.М., на возраст од 40 години и М.Д.,43-годишно лице, поради тоа што на 23 јуни извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“, при што одзеле повеќе предмети, појаснуваат оттаму.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. бд/дма/
Фото: МИА архива