• вторник, 25 јуни 2024

Љупчо Димовски - вицепремиер и министер за политички систем

Љупчо Димовски - вицепремиер и министер за политички систем

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Љупчо Димовски, кој во новата Влада ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, е роден во Велес на 9 април 1959 година.

Дипломирал на Факултет за економски науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Тој е лидер на Социјалистичката партија, а беше пратеник во Собранието од 2020 до 2024 година, од 2016 до 2020, и од 2014 до 2016 година. Бил претседател и член на повеќе собрански тела.

Во периодото од 2009 до 2014 година беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во 2008 и 2009 заменик на министерот за транспорт и врски.

Претходно бил и генерален директор на ЈП „Паркови и зеленило”- Скопје, стручен советник за организационо-програмски активности во СПМ, а работел и во „Ball Packagin Europe“ – Белград, „Електронска индустрија“ - Скопје, „Технометал - Вардар” а.д. – Скопје, како и во компаниите Maritima Bs.As., Banco Interamericano de Desarollo – BID и Mercado Comuún del Sur - MERCOSUR.

Членувал во повеќе домашни и странски одбори и организации.

Од станските јазици познава шпански, англискиот и српски.са/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан