• вторник, 05 ноември 2024

Бизарна и бесмислена кражба на матични клетки во Германија

Бизарна и бесмислена кражба на матични клетки во Германија

Дуизбург, 15 ноември 2023 (МИА) - Бизарна и бесмислена кражба со потенцијално сериозни последици се случила пред два дена на главната железничка станица во Дуизбург, Германија, кога крадец грабнал кутија за испорака на дарувани матични клетки.

На посоченото место, на Французин (59-годишен), задолжен за преносот на матичните клетки, додека бил во еден од вагоните, непознат маж поминал крај него и наеднаш му ја грабнал кутијата-ладилник. Французинот веднаш ја пријавил кражбата во сојузната полициска станица во градот, па во потрагата се вклучиле и покраинската и сојузната германска полиција. Се анализирале и снимките од надзорните камери.

На крајот, речиси целосно празната кутија била пронајдена на источниот влез на станицата. Во неа останале две туби со крв, но сите ќеси со матични клетки биле одземени.

„Детективите го знаат човекот од претходни кражби и тој е успешно идентификуван. Иако го знаат неговото име, потрагата по осомничениот засега е неуспешна... Кражбата е целосно бесмислена бидејќи сторителот не може да направи ништо со матичните клетки. А, по кражбата е поведена кривична истрага“, известија од полицијата.

Во повеќето случаи, пациентите кои страдаат од некој вид рак на крвта се лекуваат со терапија со матични клетки. За повеќето болни деца и возрасни, ваквото дарување клетки е последната надеж за закрепнување или за живот. си/рп/

Фото: Фејсбук; сликата не е поврзана со случајот.

Остани поврзан