• понеделник, 12 август 2024

Библиотеката во Радовиш одбележа 66 години постоење

Библиотеката во Радовиш одбележа 66 години постоење

Радовиш, 30 ноември 2023 (МИА) - Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци"-Радовиш со пригодна свеченост ја одбележа 66 годишнината од основањето и постоењето.

На свеченоста настапија членови на музичката секција при ООУ „Крсте Петков Мисирков" од Радовиш предводени од професор Александар Ицов, а со сценски драмски приказ насловен како „Т'га за југ" се претстави и драмската секција при истото училиште предводена од професор Томе Постолов.

За најдобри читатели за оваа година беа прогласени Нада Шлукарова за највозрасен читател, Лила Кукутанова за најактивен читател, Викторија Митева за најдобар млад читател и Срна Ценева за најмлад детски читател.

За соработка и подршка на библиотеката во текот на 2023 година благодарници им беа доделени на Oпштина Радовиш, ООУ „Крсте Петков Мисирков", Образовниот центар „Едуко", Детската градинка „Ацо Караманов" и ТВ „Кобра".

Благодарници за соработка и придонес во активностите на библиотеката беа доделени и на професорите Томе Постолов, Александар Ицов и Јовица Илиќ. рт/дма/

Фото: Општина Радовиш

Остани поврзан