• среда, 15 мај 2024

БЕСТ организира Летен академски курс

БЕСТ организира Летен академски курс
Скопје 23 јуни 2022 (МИА) - Бордот на eвропски студенти по технологија - БЕСТ од 10 до 18 јули го организира Летниот академски курс, меѓународен настан што ќе се одржува во Скопје со учество на 30 студенти од различни држави низ Европа. Како што информираат од БЕСТ, за време на овој дветдневен настан ќе се одржат предавања на теми од областа на енергетската ефикасност и одржливоста од страна на искусни професори од Градежниот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и стручни предавачи од врвни компании. Сите студенти при УКИМ кои сакаат да бидат дел од овој настан, можат да ја контактираат организацијата на нивните социјални медиуми, а на самиот крај учесниците ќе полагаат завршен испит преку кој се стекнуваат со соодветен сертификат. БЕСТ е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им овозможува комплементарно образование преку организирање на курсеви, технички натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти.ар/са/

Остани поврзан