• петок, 08 ноември 2024

Бесплатни паркиралишта утре во Скопје по повод Денот на независноста

Бесплатни паркиралишта  утре во Скопје по повод Денот на независноста

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“ утре, на Денот на независноста, ќе бидат слободни за паркирање, односно паркирањето возила нема да се наплаќа.

-Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовно работно време 9:00 - 16:00 часот,  соопшти ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Јавните паркиралишта, пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот. хс/ цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан