• четврток, 19 декември 2024

Беретини: Поради повреда морав да се повлечам од АО

Беретини: Поради повреда морав да се повлечам од АО
Мелбурн, 15 февруари 2021 (МИА) - Десеттиот рекет на светот Матео Беретини на прес-конференција ја образложи неговата одлука да се повлече од Австралија опен. Денешната прес-конференцијата започна со прашање од модераторот: „Матео, кажи ни за натпреварот и како се чувствуваш на теренот“. Италијанецот се смееше и одговори: - Имам проблем со стомачните мускули. Зборував со докторот и ми рече дека може да се влоши. Тимот и јас одлучивме дека не вреди да се ризикува. Се повредив на претходниот натпревар со Качанов. И се покажа дека повредата е посериозна отколку што мислев,  информира италијанскиот тенисер. Тој требаше претпладнево да се сретне со Стефанос Циципас во последното осминафинале на Австралија опен. зс/

Остани поврзан