Белорусија испрати дополнителни трупи на границата со Украина
- Белорускиот министер за внатрешни работи Иван Кубраков изјави дека на границата со Украина испратени се специјални полициски сили и дополнителни трупи, со цел да се зголеми безбедноста и да се спречи потенцијален продор на украинските војници на територијата на Белорусија
Минск, 11 септември 2024 (МИА) – Белорускиот министер за внатрешни работи Иван Кубраков изјави дека на границата со Украина испратени се специјални полициски сили и дополнителни трупи, со цел да се зголеми безбедноста и да се спречи потенцијален продор на украинските војници на територијата на Белорусија.
- Одделот ги анализираше акциите на вооружените сили на Украина во областа Курск во Русија, поради тензичната ситуација во близина на јужната граница на Белорусија, специјалните полициски единици за немири и внатрешните трупи беа распоредени во пограничната зона, истакна Кубраков
Тој посочи дека целта на ваквата акција е да се спречи влегувањето на „непријателот“ на белоруска територија, како и да се обезбеди безбедност на граѓаните. ми/
фото: МИА архива