• недела, 07 јули 2024

Белорусија го суспендира учеството во Договорот за конвенционални сили во Европа

Белорусија го суспендира учеството во Договорот за конвенционални сили во Европа

Минск, 29 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша декрет за суспендирање на учеството на неговата земја во Договорот за конвенционални вооружени сили (ЦФЕ), кој го ограничува движењето на воените трупи и оружје низ европскиот континент.

Указот, потпишан на 24 мај, беше објавен денеска во Службен весник на поранешната советска република, близок сојузник на Москва, која граничи и со Русија и со Украина.

Русија во 2007 година еднострано го суспендираше учеството во Договорот за конвенционални сили во Европа, со кој беше ограничена работната сила и опремата – тенкови, авиони, артилерија од Атлантикот до Урал и предвидуваше меѓусебна размена на информации и инспекции. Русија партиципираше во Договорот од 1990 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан