Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
- Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревари поради директниот црвен картон што го доби во 24. коло од Примера против Осасуна (1:1).

Мадрид, 19 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревара поради директниот црвен картон што го доби во 24. коло од Примера против Осасуна (1:1).
Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го казни Англичанецот поради навреди упатени кон судијата Мунуера Монтеро.
Фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите против Жирона (23 февруари) и Бетис (2 март).
Реал Мадрид планира да поднесе жалба на одлуката на RFEF до Комитетот за жалби.
Самиот Белингем по натпреварот со Осасуна изјави дека не го навредил судијата и не му кажал ништо лошо. зс/
Фото: ЕПА