• петок, 12 јули 2024

Без струја утре делов од Кисела Вода и Карпош

Без струја утре делов од Кисела Вода и Карпош

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Христо
Татарчев, крак – 15, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Партение Зографски“, дел од „Востаничка“,  „Димитар Беровски“ и „Црниче“. Од 09:00 до 13:00 часот, струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Народни херои“

Во Општина Карпош, пак, без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот, ќе останат корисниците од ул. „Дамаска“, од 09:00 до 13:30 корисниците од дел од с. Бардовци во близина на училиштето, а од 13:30 до 15:00 часот корисниците од дел ул. „Џумајска“.са/

Фото: МИА архива



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан