Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани
- Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Скопје, 10 април 2024 (МИА) - Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров.
Од 11.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Тесла“ број 16 и број 18, како и корисниците од улицата „Орце Николов“ број 174 во општина Карпош.
Додека во општина Студеничани, во периодот од 13 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Маркова Сушица, лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот. бд/дма/
Фото: МИА архива