Без вода утре дел од корисниците на ул. „Максим Горки“ во Центар
- Корисниците на дел од ул. „Максим Горки“ во Центар утре поради дефект на улична цевка од ф 200мм на таа улица бр 13 ќе останат без вода.

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Корисниците на дел од ул. „Максим Горки“ во Центар утре поради дефект на улична цевка од ф 200мм на таа улица бр 13 ќе останат без вода.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата. хс/нд/
Фото: МИА архива