Без вода дел од населба Радишани
- Поради водоводен уличен дефект од ф- 80мм на улица „Скоевска“ бр.1 во населба Радишани денеска без вода се корисниците од таа улица, зграда бр.1,3,5 и 7.
![Без вода дел од населба Радишани](https://new.mia.mk/images/20231111121358_big_730x400_65.webp )
Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Поради водоводен уличен дефект од ф- 80мм на улица „Скоевска“ бр.1 во населба Радишани денеска без вода се корисниците од таа улица, зграда бр.1,3,5 и 7.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 11:40 часот и ќе трае се до завршување на активностите. љм/лв/
Фото: МИА архива