Без вода дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје
- Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица.
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот. хс/
Фото: МИА архива