Без вода дел од Карпош
- Поради уличен дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на овие две улици, како и на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на овие две улици, како и на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санакција на дефелтот, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Фото: МИА архива