• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без вода делови од Карпош и Батинци

Без вода делови од Карпош и Батинци

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Корисниците на дел од Батинци денеска од 10 часот немаат вода поради уличен дефект ф 110 мм на ул.„1“ бр.95 во Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

ЈП Водовод и канализација информира дека поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.4, без вода од 10.15 часот и до завршување на активностите ќе останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и дел од ул. „Козле“ во општина Карпош. хс/ев/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан