• понеделник, 04 ноември 2024

Бегај: Срдечна средба со мојот голем пријател Пендаровски

Бегај: Срдечна средба со мојот голем пријател Пендаровски

Тирана, 11 септември 2023 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше по средбата со македонскиот колега Стево Пендаровски, на маргините на одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје. При тоа  Пендаровски го нарекува „мој голем пријател“, а албанско-македонските односи пример за конструктивна соработка. 

-Заедно со мојот голем пријател, претседателот Стево Пендаровски, високо ги оценивме многу добрите односи меѓу Албанија и Северна Македонија, кои се пример за конструктивна соработка, во интерес не само на напредокот на двете земји, туку и на целиот регион, напиша Бегај на Фејсбук. 

Се задржа и  на  состанокот во Скопје, а објавувајќи фотографии од настанот, претседателот Бегај наведува дека „забрзувањето на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ може да се постигне само преку зацврстување на регионалната соработка, предводена од безбедноста и стабилноста“.

-Да ги поттикнеме европските вредности, каде нашите млади ќе се чувствуваат оптимисти за градење на иднината во својата земја, пишува Бегај. вт/вј/

Фото: Бегај ФБ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан