• недела, 22 декември 2024

Бајден ќе одржи „важен“ говор во Филаделфија

Бајден ќе одржи „важен“ говор во Филаделфија
Вашингтон, 31 август 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден утре во Филаделфија ќе да одржи „ефективен“ говор пред Холот на независноста, каде била усвоена Декларацијата за независност на САД во 1776 година. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека обраќањето на Бајден ќе биде за „континуираната битка за душата на нашата нација“. Најавеното обраќање на Бајден е на само два месеци пред среднорочните избори. Според Белата куќа, тој ќе зборува за тоа „како положбата на нацијата во светот и нејзината демократија се ставени на коцка“. Тој ќе зборува за прогресот што го направивме како нација да ја заштитиме нашата демократија, но како нашите права и слободи сè уште се нападнати. Тој ќе стави до знаење кој се бори за тие права, кој се бори за слободите и за демократијата, се истакнува во соопштението. Бајден и претходно ги опиша изборите во ноември како избор меѓу „екстремните МАГА републиканци“ (слоганот на поранешниот претседател Доналд Трамп „направи ја Америка повторно голема“) и демократите. Минатата недела тој на поддржувачите им порача дека треба да гласаат, буквално за „да се спаси демократијата повторно“, и ја етикетираше републиканската идеологија како „полуфашизам“. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан