• понеделник, 23 декември 2024

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифoрнија и одобри федерална парична помош за обнова

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифoрнија и одобри федерална парична помош за обнова

Вашингтон, 20 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во сојузната држава Калифорнија и одобри федерална помош за засилување на државните, племенските и локалните напори за обнова на областите зафатени од невремето и поплавите што се случија од 21 до 23  јануари.

Помошта вклучува грантови за привремено сместување и поправка на домови, евтини кредити за помош во загубите од уништениот но неосигуран имот, и други програми за помош на приватни и физички лица кои настрадале од катастрофата.

Федералното финансирање за обнова од поплавите е директно достапно во округот Сан Диего, еден од најнастраданите подрачја од поплавите при крајот на јануари. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан