• недела, 22 декември 2024

Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран

Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран

Вашингтон, 4 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно кога го прашаа дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки.

Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторникот. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските нафтени постројки.

Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа иранските нуклеарни постројки. На новинарско прашање дали ќе го повика Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки, тој рече: „Знам дека нема потреба јавно да се преговара“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан