• понеделник, 04 ноември 2024

Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани

Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани


Вашингтон, 10 октомври 2024 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис кои се демократи, остро ги искритикуваа лажните тврдења на поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканец и претседателски кандидат, а поврзано со двата урагани што ја погодија Флорида.
Бајден синоќа во изјава рече дека тврдењата на Трамп се „антиамерикански“ и дека треба да престане со ширење дезинформации за спасувачките напори на владата. Харис во иннтервју за Си-Би-Ес рече дека Трамп е човек кој се става себе си на прво место наместо Американците.
-Во изминатите недели има неодговорно и неуморно промовирање на дезинформации и отворени лаги за тоа што се случува, рече Бајден во изјава од Белата куќа поврзано со временските непогоди во југоисточниот дел на САД.
 -Ова ја поткопува довербата кај луѓето во Флорида и неверојатната работа за спасување и обновва, рече Бајден. „Ова е штетно за оние кои најмногу имаат потреба од помош. Искрено, овие лаги се антиамерикански“.  
Претседателот повтори едно од тврдењата наТрамп дека владата ги пренасочува средствата за одговор на катастрофите за да им помогне на имигрантите. И тоа дека погодените од Хелен добивале само по 750 долари помош.
 -Што зборуваат? Престанете, тоа е апсурдно, едноставно не е точно, рече Бајден за тврдењата дека средствата од Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) се пренасочуваат за други потреби.
Истакна дека 750 долари се мал дел од вкупната помош, средства доделни за најитни моментални потреби, додека секое погодено домаќинство ќе добива многи повеќе оштета зависно од документираните штети.
Во серија интервју за американските национални телевизии и радија, а во рамки на нејзината претседателска кампања и Харис го искритикува Трамп за дезинформациите околу пружањето федералнаа помош како „аморални“.
-Каков претседател може да биде тој што се става себи си на прво место, наместо на прво место да ги става сограѓаните Американци. Зошто да се изживувате над туѓата несреќа на оние кои од катастрофата изгубиле блиски роднини и на кои им е уништена целата сопственост, рече Харис. кб/
 

Остани поврзан