• четврток, 19 декември 2024

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

Тетово, 22 мај 2024 (МИА) - Коалицијата „Вреди“ по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.

Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.

-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.

Според Хасани, Коалицијата „Вреди“ нема да има промени со денешното прегласување во петтата изборна единица. ас/мч/

фото: ФБ Биљал Касами 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан