• сабота, 16 ноември 2024

Бах: Украина не треба да ги казнува своите спортистите со бојкот на Олимпијадата

Бах: Украина не треба да ги казнува своите спортистите со бојкот на Олимпијадата

Цирих, 24 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах смета дека Украина не треба да ги казнува своите спортисти со бојкот на Олимпијадата во Париз.  

Бах смета дека непочитувањето на барањата на земјата не значи и поддршка на непријателствата. 

- Зошто Украина треба да ги казни сопствените спортисти поради воен конфликт и да им го одземе сонот за Олимписките игри? – го цитира „Ди Цајт“ Бах. 

На 8 декември ИОК им дозволи на Русите и Белорусите да учествуваат на Олимписките игри во Париз со неутрален статус. Но, на спортистите нема да им биде дозволено да учествуваат во сите екипни натпревари. На поединци кои активно ги поддржуваат воените активности поврзани со војската или со организациите за национална безбедност, им е забрането да учествуваат. На Олимпијадата ќе биде забрането и истакнување на официјални симболи на Русија и Белорусија. 

Олимписките игри во Париз ќе се одржат во 2024 година од 26 јули до 11 август. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан