• петок, 22 ноември 2024

Барселона го отпушти Чави

Барселона го отпушти Чави

Барселона, 24 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона Чави Ернандез доби отказ, соопштија Каталонците.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја дозна својата судбина по состанокот со претседателот на клубот Жоан Лапорта претходно денеска. На средбата присуствуваа и останатите челници во клубот.

Четириесет и четири годишниот Чави ќе ја предводи Барселона на неделниот меч со Севиља, кој ќе биде последен за него.

Чави ја презеде тренерската функција во Барселона на крајот на 2021 година, заменувајќи ја другата легенда на Каталонците - Роналд Куман.

Тој го предводеше тимот до титулата во сезоната 2022/23, а во есента минатата година потпиша нов договор до летото 2025 година. 

На почетокот на оваа година тој најави дека ќе го напушти клубот, но потоа беше разубеден токму од Лапорта и реши да остане. Сепак, односите меѓу двајцата повторно се влошија во последните недели, што доведе до разделба меѓу двете страни. дс

Фото: Архива

Остани поврзан