• понеделник, 23 декември 2024

Барселона ги регистрираше Депај и Гарсија, благодарение на Пике кој се согласи на намалување на платата

Барселона ги регистрираше Депај и Гарсија, благодарение на Пике кој се согласи на намалување на платата
Барселона, 14 август 2021 (МИА) - Барселона објави дека официјално ги регистрирала Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај за настап во Ла Лига. Каталонскиот клуб истакна дека ова стана возможно благодарение на дефанзивецот Жерар Пике кој се согласи на значително намалување на платата. Барса, исто така, ги продолжува преговорите со Серхи Бускетс и Жорди Алба, со цел да ги усогласи платите на моменталната ситуација во клубот. Двајцата играчи се подготвени за соработка. Така, Депај, Гарсија и Манај ќе можат да играат за Барса веќе во првото коло од Ла Лига со Реал Сосиедад утревечер од 20 часот. зс/

Остани поврзан