• петок, 28 јуни 2024

Барселона во понеделник ќе ја објави замената на Чави со Ханзи Флик

Барселона во понеделник ќе ја објави замената на Чави со Ханзи Флик

Барселона, 24 мај 2024 (МИА) - Раководството на Барселона ќе го објави Ханзи Флик за нов тренер на клубот, информираше ексклузивно денеска локалното издание „Мундо Депортиво“.

Уште вчера неколку медиуми објавија дека успешно завршиле преговорите меѓу германскиот тренер, неговиот агент Пини Захави, спортскиот директор на каталонците Деко и неговиот помошник Бојан Киркиќ.

Германецот ќе потпише договор на една плус една година и ќе го замени Чави на чело на тимот.

Легендарниот играч за врска за последен пат ќе го предводи тимот од „Камп Ноу“ во недела навечер на гостувањето кај Севиља, што ќе биде последен натпревар во сезоната. „Мундо Депортиво“ додава дека во понеделник наутро Чави ќе одржи состанок со Жоан Лапорта и луѓе од спортската управа на тимот, на кој ќе биде информиран дека е донесена одлука за разделба меѓу двете страни.

Ханзи Флик е без работа откако доби отказ од германската репрезентација. Неговиот најдобар период како менаџер е во неговите две години како тренер на Баерн Минхен, кога освои две последователни титули во Бундеслигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и Купот на Германија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан