• петок, 22 ноември 2024

Барање до Европската комисија да преземе мерки против дезинформациите на мрежата Икс на Илон Маск

Барање до Европската комисија да преземе мерки против дезинформациите на мрежата Икс на Илон Маск

Брисел, 9 август 2024 (МИА) - Европските либерали од Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија итно да ги преземе „сите можни мерки“ за да го потисне континуираното ширење дезинформации на платформата X во сопственост на Илон Маск, се вели во писмото во кое имале увид од Политико.

Во писмото испратено до комесарите Тиери Бретон и Маргрет Вестагер од европратениците Валери Хејер и Били Келер, се предупредува дека ширењето лажни информации на платформата „веројатно ќе игра улога во поттикнувањето политичко насилство во Европа“.

Членовите на Европскиот парламент изјавија дека се загрижени поради повторените изјави на Илон Маск за претстојната „граѓанска војна“ во Европа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан