• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Балетската претстава „Дамата со камелии“ вечерва во Националната опера и балет 

Балетската претстава „Дамата со камелии“ вечерва во Националната опера и балет 

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) -  На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а сценографијата и костимографијата се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија) со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. вј/бак/

Фото: Национална опера и балет

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан