• сабота, 27 април 2024

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Мадрид, 20 април 2024 (МИА) - Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4). 

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан