• сабота, 17 август 2024

АУ прогласи вонредна ситуација за јавното здравје поради мпокс во цела Африка

АУ прогласи вонредна ситуација за јавното здравје поради мпокс во цела Африка

Адис Абеба, 16 август 2024 (МИА) – Африканска унија (АУ) прогласи вонредна ситуација за јавното здравје на целиот континент поради брзото ширење на вирусот мпокс (мајмунски сипаници).

Во најнаселената африканска држава, Нигерија годинава откриени се вкупно 39 случаи на вирусот мпокс.

Директор на Центарот за контрола на болести во Нигерија (НЦДЦ), Џиде Идрис истакна дека нема смртни случаи, но оти се размислува за вакцинација за високоризичните групи.

Тој додаде дека Нигерија очекува да добие 10.000 дози од вакцината „Џинеос“ (Jynneos).

Нигериската Влада подготви формулар за здравствена изјава за меѓународните патници за да спречи ширење на вирусот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан