АТП најави нов турнир во Белград
- Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП.
Белград, 21 август 2024 (МИА) - Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП.
Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога. Во главниот град на Србија ќе се одржува најмалку две години.
Натпреварувањето првично требаше да се одржи во Хихон, Шпанија, но е одложено поради „непредвидени оперативни проблеми“.
Сите други турнири закажани за 2024 година остануваат непроменети. зс/
Фото: ЕПА