• вторник, 05 ноември 2024

Атлетик го обнови договорот со Раул Гарсија

Атлетик го обнови договорот со Раул Гарсија
Билбао, 24 февруари 2021 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетик денес објави продолжување на договорот со играчот од средниот ред Раул Гарсија. Новиот договор со 34-годишниот Шпанец ќе важи до крајот на јуни 2022 година. Раул Гарсија игра за Атлетик од 2015 година. Во тековната сезона фудбалерот одигра 27 натпревари за тимот од Билбао, постигна седум гола и една асистенција. Атлетик Билбао со 29 бодови по 23 кола се наоѓа на 10. место во Шпанското фудбалско првенство. зс/

Остани поврзан