• понеделник, 23 декември 2024

Атлетико е во преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Фелипе

Атлетико е во преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Фелипе
Мадрид, 7 февруари 2022 (МИА) - Атлетико Мадрид има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Фелипе, тврди новинарот Николо Шира. Клубот од Мадрид влезе во преговори со 32-годишниот Бразилец и му нуди договор до крајот на јуни 2024 година. Фелипе е во Атлетико Мадрид од јули 2019 година. Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2022 година. Дефанзивецот оваа сезона одигра 20 натпревари за тимот од Мадрид, има два гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан