• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Асфалтирање улица во Миладиновци, Општина Илинден

Асфалтирање улица во Миладиновци, Општина Илинден

Скопје, 10 февруари 2025 

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со реконструкција на улиците во населените места, а во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Во рамки на програмата извршена е целосна реконструкција, санација и асфалтирање на крак 1 од улицата „6“ во Миладиновци, во вкупна должина од околу 220 метри.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од големо значење за жителите во овој дел на Миладиновци. Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и санација и на други улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.

 

Општина Илинден

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Илинден

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан