• среда, 15 јануари 2025

Асфалтирана улицата „8 Септември" во Крива Паланка

Асфалтирана улицата „8 Септември

Крива Паланка, 3 септември 2024 (МИА) - Со инвестиции од буџетот на Општина Крива Паланка од развојната програма за 2024 година, завршено е асфалтирањето на улицата "8 Септември" во населбата Осичка маала.

Поставен е нов асфалт на вкупна површина од околу 2000 метри квадратни, што опфаќа околу 185 метри од кракот на ул.„8 Септември" на потег од м.в. „Да - Бо" до комплексот згради во населбата, крак од улицата кон клучка со обиколницата А2 и асфалтирање на платото кај зградите. Инвестицијата е финансирана во рамки на Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024, со која за реконструкција и рехабилитација на три улици во Осичка маала се вложуваат 8.000.000 денари.
Од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информираат дека минатата недела беше завршено асфалтирање на улицата „Партизанска", од „Да-Бо" кон спој со обиколниот пат, а деновиве интензивно ќе се работи на завршување на градежните работи за реконструкција на улицата „Моша Пијаде" во истиот реон.

Во Општина Крива Паланка во тек се неколку инфраструктурни проекти, се реализира проектот за реконструкција на два моста на Крива Река, се уредува последната фаза од минор коритото на Крива Река од спортскиот комплекс во градот кон градскиот базен, а на спортскиот комплекс во тек е изградбата на првиот спортски терен за мал фудбал со вештачка трева.

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан